ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА – ЗДРАВ ЖИВОТ ЗА СИТЕ НАС


ЗОКА ЕНЕРЏИ СОЛУШН ДООЕЛ Неготино, со својот инженерски тим и соработка со меѓународни европски реномирани компании, кои имаат големо искуство во оваа дејност за преработка на секаков вид на отпад, разви проект кој што е прилагоден како единствено можно решение за решавање на долго годишниот проблем со комуналниот отпад во нашата држава. Проектот е со исти и поголеми стандарди како во развиените регионални и европски метрополи: Љубљана, Цеље, Дрезден, Минхен, Лондон, Будимпешта, Прага.

Зока Енерџи Солушн обезбедува единствено еколошко решение за справување со проблемите на отпадот од депониите и негова трансформација во обновлива енергија и рециклирани суровини за индустријата.

Нашиот Центар за преработка на комунален, комерцијален, индустриски и земјоделски отпад (waste to energy) користи докажана технологија за процесот на гасификација и термички третман на гасовите при што се добива енергија во вид на топлина или електрична енергија.

Зока Енерџи Солушн е единствена во Република Северна Македонија која има услови и опрема да врши целосно уништување на опасен отпад со најсовремената технологија и по строги Европски закони со што се гарантира целосна заштита на животната средина од сите аспекти.

гхдгс
Симнете ја брошурата на следниот линк:
Симнете овде
Во соработка со:
+389 43 366 377
+389 71 219 095

Email info@zokaenergysolution.com.mk