129534491_195553602198191_7132969324670958380_o
На ден 03.12.2020 година Зока Енерџи Солушн донираше 8000 заштитни маски на Општина Неготино кои ќе бидат распределени каде што е потребно. Нашата компанија останува посветена на подобрување на животот во нашиот град и се стреми да остане меѓу првите општествено одговорни компании во Општината, дури и во моменти на општа криза.
krugssddd
Нашата компанија ЗОКА ЕНЕРЏИ СОЛУШН ДООЕЛ Неготино, како општествено одговорна компанија, свесна за лошата социо-економска состојба на значајна група на фамилии кои живеат во општина Кавадарци, донесе одлука за активно вклучување во акцијата насловена „НУЛА ГЛАД во ОПШТИНА КАВАДАРЦИ” во рамки на истоимениот проект, имплементиран од страна на „Банка за храна Македонија-Скопје” и ЗГ „Еко-живот” од Кавадарци и Општина Кавадарци, со цел заедно да им пружиме помош и поддршка на социјално загрозените фамилии.
На форумот „Управување со цврст отпад/депонии“ одржан 30.06.2021 и организиран од страна на Civica Mobilitas Community, покрај организаторите и главните говорници:
- Александар Кржаловски;
- Сибил Сутер Техада, амбасадорка на Швајцарската Конфердерација;
- Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово;
- Арбен Таравари, градоначалник на општина Гостивар;
- Ана Каранфилова Мазневска, преставничка од МЖСПП; присуствувавме и ние од Zoka Energy Solution со презентирање на нашиот проект, како единствено и зелено решение за справување со цврстиот отпад и депониите. Пред самото излагање, г-дин Лазе Филипов како претставник на компанијата, имаше прес со кратко појаснување околу самиот проект.