parallax background

Влијание врз животната средина


Емисијата на гасови кои што ги ослободува нашата технологија се околу 20% пониски од ЕУ стандардите. Нашата технологија е една од најдобрите на пазарот во и надвор од ЕУ, затоа што нашата цел не е само да генерираме електрична енергија. Целта е да се реши долгогодишниот проблем со отпадот. Со тоа значително ке се намали загадувањето на воздухот, на подземните и површинските води и земјата.

    Регулативи и стандарди
    Технологијата која што ќе ја користиме, не е нова и нетестирана. Опремата веќе се користи во повеќе земји во Европската Унија, и е во целосна согланост со:
    • Стандардите на ЕУ за управување со отпад (WMD)
    • Согорување на отпад (WID)
    • Директивите за интегрирано спречување и контрола на загадувањето (IPPC)
    • Напреден термички третман (гасификација) ВАТ технологија призната од DECC
    Посветеност кон животната средина
    Во РСМ, складирањето на отпадот на депониите е единствен организиран начин на постапка со отпадот. Капацитетот на постоечките депонии, во поголемиот број општини е пополнет, додека поголемиот број на депонии не ги задоволуваат ни минимумот технички барања. Не постои контролирано одвојување на депонискиот плин кој настанува со разградување на отпадот во депонијата, што може да доведе до пожар или експлозија. Процедената вода од депонијата не се собира, ниту пречистува и тоа може да ги загрози подземните и површинските води и земјата, поради висиките содржини на органски материјали и тешки метали.

ЗОКА ЕНЕРЏИ СОЛУШН со својот инженерски тим и соработка со меѓународни европски реномирани компании, кои имаат големо искуство во оваа дејност за преработка на секаков вид на отпад, разви проект кој што е прилагоден како единствено можно решение за решавање на долго годишниот проблем со отпад во нашата држава.

Нашиот процес за добивање на електрична енергија, елиминира околу 90% од целиот отпад, и минималното ослободување на јаглерод при процесот доведува до значително намалено загадување на воздухот. Како обновлив извор на енергија, нашата технологија обезбедува клучни национални придобивки во однос на отпадот, емисиите на гасови и глобалното затоплување.

Резултати и придобивки

  • Решение за проблемот со загадувањето на легалните и дивите депонии. (Спречување на емисиите на отровни гасови, загадување на почвата и подземните води, микробиолошко загадување, спречување на неконтролирани пожари итн.)
  • Трајно санирање и отстранување на регулираните и дивите депонии.
  • Спречување на загадувањето кое произлегува од палењето на земјоделскиот отпад на отворено.
  • Трансформација на отпадот во обновлива енергија и суровини.
  • Поттикнување на економскиот развој преку отварање на нови работни места и ангажирање на голем број македонски компании.
  • Стимулација на здрав живот на социјално загрозените категории.
  • Намалување на користењето на фосилни горива.
+389 43 366 377
+389 71 219 095

Email info@zokaenergysolution.com.mk