
Видови отпад
Отпад е секоја материја или предмет што создавачот или поседувачот го отфрла, има намера да го отфрли или од него се бара да го отфрли. Едноставно кажано, отпадот е се што е отфрлено, вишок или на некој друг начин фрлено во животната средина и што може да влијае врз неа.


Складирањето на отпадот на нерегулираните депонии е единствен организиран начин на третирање на отпадот во РСМ. Капацитетот на постоечките депонии, во поголемиот број општини е пополнет, додека поголемиот број на депонии не ги задоволуваат ни минимумот технички стандарди за управување со отпад.

Не постои основно третирање на земјиштето за заштита на подземните води како и контролирано одвојување на депонскиот плин кој настанува со разградување на отпадот во депонијата, што придонесува до чести пожари и можни експлозии во депониите. Дополнителен проблем е енормното загадување на подземните води за кои нема никава евиденција ниту мерања.

Зока Енерџи Солушн
Антон Пеган 8
Неготино, Македонија
Понеделник — Петок: 08ч — 16ч
Сабота: 10ч — 14ч